Финансии / Банкарство

ЗГОЛЕМЕНИОТ БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ НЕ ГО ЗГОЛЕМИ УЧЕСТВОТО НА КАПИТАЛНИТЕ ТРОШОЦИ ВО ВКУПНИТЕ БУЏЕТСКИ РАСХОДИ




Графиконот покажува дека во текот на последниве десет години Буџетот на Република Македонија постојано го карактеризира дефицит. Притоа буџетскиот дефицит генерално имаше тенденција на пораст, при што од 2014 година наваму почна постепено да се намалува. Во набљудуваниот период вкупните буџетски приходи ги карактеризира поголема волатилност, од 32,9 % од БДП во 2008 година на 27,7 % во 2014 година и очекуван пораст на 29,3 % во 2017 година. Вкупните буџетски расходи се намалија од 33,8 % од БДП во 2008 година на 31,8 % во 2013 година, а за 2017 година Министерството предвидува да бидат 32,2 % од БДП. 

САЛДО НА БУЏЕТОТ НА РМ (% ОД БДП)

Извор на податоците: Министерство за финансии на Република Македонија */ Податокот за 2017 година е проектирана вредност во согласност со проекцијата на Министерството за финансии.

 

Вториот графикон го покажува учеството на капиталните трошоци во вкупните реализирани буџетски расходи во последниве десет години. Тој покажува дека во годината кога се почувствуваа последиците од глобалната финансиска криза капиталните трошоци драстично го намалија своето учество во вкупните буџетски расходи (од 14,3 % на 9,6 %). Иако овој пад делумно беше компензиран подоцна, генерално зголемениот буџетски дефицит не придонесе за зголемено учество на капиталните трошоци во вкупните буџетски расходи. Паралелно, во услови на најавен процес на фискална консолидација, ќе треба да се најде начин како идното зголемување на каматните трошоци во Буџетот од поранешното зголемување на јавниот долг да не се одрази неповолно на капиталните трошоци.

КАПИТАЛНИ ТРОШОЦИ (% ОД ВКУПНИТЕ БУЏЕТСКИ РАСХОДИ) 


Извор на податоците: Министерство за финансии на Република Македонија */ Податокот за 2017 година се однесува за првите десет месеци од годината, и тоа како за капиталните трошоци така и за вкупните буџетски расходи.

ПРЕПОРАЧАНО