Финансии / Банкарство

Што очекувате од 2018 година? Андреја Јосифовски: ДА СЕ ВОВЕДЕ ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА ВО НАФТЕНИОТ БИЗНИС

Претседател на Управниот одбор на Макпетрол АД

Како стопанственик, пред сѐ, посакувам и очекувам пораст на економијата, а со тоа пораст и на БДП и создавање услови за негово зголемување во наредниве години. Очекувам и намалување на криминалот и зголемување на безбедноста на граѓаните и на објектите во државава. Покрај ова очекувам да се воведе законска регулатива со која во најголем дел би се елиминирала сивата економија во нафтениот бизнис во земјава со што, на крај, би се обезбедиле и повеќе приходи во Буџетот на Република Македонија. Истовремено оваа мерка значително би влијаела врз подобрување на квалитетот на животната средина во земјава и би имала позитивно влијание врз здравјето на граѓаните во Република Македонија.

ПРЕПОРАЧАНО