Финансии / Банкарство

ГРЦИЈА ВРЗА ВТОР ПОСЛЕДОВАТЕЛЕН КВАРТАЛ СО РАСТ НА БДП

блиц свет

По растот во првиот квартал, последните статистички податоци покажаа раст на грчката економија и во вториот квартал, што претставува раст од два последователни квартали или формално запирање на рецесијата. Според податоците растот е предизвикан од зголемувањето на извозот од цели 3 %, но и од зголемените трошења на државата. Податоците покажуваат дека бруто домашниот производ во второто тримесечје се зголеми за 0,5 % во споредба со првото, што влијае на зголемување на годишниот квартален раст од 0,4 % на 0,8 %. Ова се охрабрувачки податоци имајќи предвид дека по длабоката должничка криза и примената на мерките за штедење Грција ја доживеа една од најдлабоките рецесии каде што загуби над четвртина од својот БДП, што предизвика значителен раст и на невработеноста. Гледано од сегашна перспектива, прогнозата на Владата за раст од 1,8 % за годинава изгледа реален, особено ако се има предвид оптимистичката прогноза на Европската комисија која предвидува раст на грчката економија од 2,1 %. Невработеноста во Грција изнесува 22 % и е највисока меѓу земјите на Европската Унија. 

ПРЕПОРАЧАНО