ЕВН Македонија официјално е сопственик и оператор на најголемиот лиценциран батериски систем во државата!

Претседателот на Управниот одбор, г. Волфганг Маиер, во присуство на членовите на Управниот одбор и менаџментот на компаниите од ЕВН Групацијата во Македонија, претставници на локалната самоуправа, академската заедница и партнерските компании кои учествуваа во реализацијата, официјално го пушти во употреба најголемиот лиценциран батериски систем во државата, поставен во рамки на фотоволтаичната централа „Пробиштип“.

Со инсталирана моќност од 10 MW и капацитет од 20 MWh, ова е воедно и најголемиот батериски систем во рамки на целата Групација ЕВН. Капацитетот на системот ќе биде дополнително зголемен на 40 MWh.
Батерискиот систем е реализиран со современа LiFePO4 (LFP) технологија, со батерии од CATL и систем за конверзија на енергија од K Star — глобално препознатливи компании во областа на енергетските технологии.
⚡Интеграцијата на оваа современа технологија овозможува складирање на сончевата енергија произведена во текот на денот и нејзино користење кога е најпотребна, со што се зголемува стабилноста, флексибилноста и ефикасноста на енергетскиот систем.








