СКОПЈАНИ ВО САБОТАТА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА ЧЕКАЛЕ ДВА ЧАСА, А НА ВРАЌАЊЕ 4 ЧАСА И 40 МИНУТИ, толку трае процедурата за фотографирање од грчките погранични служби

Повеќемина македонски граѓани кои викендот го искористија за кафе во Солун сведочат за нефункционирањето на новиот системн за влез во земјите од Европската Унија и за долгото чеќање за да се завршат царинските формалности од грчките погранични служби.

-Во саботата бевме на викенд во Солун. На граничниот премин Богородица за влез во Грција пред нас имаше три автобуси. Се направи општ хаос,  бидејќи во исто време излегоа патниците од сите  три автобуси. Настана метеж. Процедурата се одвиваше споро. Патниците во нашиот автобус чекавме два часа за влез во Грција. За назад чекавме подолго или точно 4 часа и 40 минути. Имаше долга колона автобуси, пред нашиот имаше десетина автобуси. Автобусот поминува празен но патниците мораат да чекаат во редови. Секој патник се фотографира, а тоа го направивме на враќање за Македонија. Отпечатоци се зема од секој патник и на влез и на излез од Грција, ни изјави наша сограѓанка.

Воведувањето на новиот систем за влез и излез (EES) на Европска Унија предизвика сериозни проблеми на аеродромите низ Европа, со долги редици, доцнења и пропуштени летови уште во првите денови од неговата целосна примена.

Системот, кој официјално стапи на сила на 10 април во 29 земји од Шенген зоната, воведува биометриска контрола за патници што не се државјани на ЕУ. Наместо традиционалното печатирање на пасоши, сега се собираат податоци како отпечатоци од прсти, фотографии и информации за влез и излез.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано