Општина Штип по третпат го организира модниот настан „Shtip Fashion Days“, информираше на денешната прес-конференција секретарот на општина Штип Вишна Шорова-Ангелова. Годинава ќе се одржи на 17 и 18 април во централното градско подрачје, односно во Трговскиот центар во Штип.
-На настанот ќе бидат претставени осум ревии, кои што ќе бидат создадени од страна на поголемите штипски компании, а се разбира оваа година поддржуваме и доста голем број млади дизајнери, кои ќе имаат можност да ги претстават моделите пред пошироката јавност. Она што е ново оваа година е тоа што настанот ќе биде отворен со ревија на 15 студенти, кои студираат на приватните и државните универзитети во државата, вели Шорова-Ангелова.
Студентот кој ќе ја добие наградата за најдобар моден дизајн ќе има можност на следниот моден настан „Shtip Fashion Days“, што ќе се одржи во текот на есента да се претстави со цела своја колекција. Шорова-Ангелова вели дека очекуваат голем број гости и тоа, пред се, помладата публика.
Фото Економија и бизнис






