Последната средба за новиот закон за високото образование Министерството за образование и наука (МОН) денеска ја имало со владиниот колаициски партнер Вреди. Министерката Весна Јаневска соопшти дека било разговарано за шест точки во предложениеот текст, кој е веќе затворен за диксусија и ќе биде проследен во владина процедура.
Како што рече, пет точки за кои било разговарано не биле спорни и биле и претходно дискутирани, а решение било најдено за шестата точка – Хиршовиот индекс. Со овој индекс (h-index) се мери продуктивноста и влијанието (цитираноста) на научните публикации на истражувачите и тој влегува во критериумите за избор и напредување во академски звања.
-Имавме шест точки кои ги дискутиравме и со сите шест се усогласивме и утре законот оди во владина процедура. Пет од точките и порано беа дискутирани, затоа што ова беше континуиран процес, и тие веќе воопшто не беа спорни. Последната точка за која дискутиравме беше Хиршовиот индекс, за кој, исто така, најдовме решение – тој да не биде основен елеменет како критериум за избор, туку да влезе во додатните елементи во критериум за избор. Во тој случај, кога двајца професори ќе имаат идентични бодови пресуден да биде Хиршовиот индекс. Тоа сега е прифатено, појасни министерката одговарајќи на новинарски прашања пред отворањето на настан организиран од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.
Фото Економија и бизнис





