Дванаесет до петнаесет проценти од населението има мигрена

Мигрената не е обична главоболка, туку онеспособувачка состојба што бара посебен третман и медикаментозна терапија, апелираа невролозите на Националниот ден на мигрена, кој за првпат се одбележува во земјава, во организација на Македонското невролошко здружение и Клиниката за неврологија под мотото „Мигрената е повеќе од главоболка“. Во земјава се смета дека околу дванаесет до петнаесет проценти од населението има мигрена, што значи некаде околу сто осумдесет до двесте илјади жители во нашата држава се афектирани од мигрена.

Д-р Емилија Цветковска од Клиниката за неврологија и претседател на Македонското невролошко здружение истакна дека за првпат во земјава се одбележува Националниот ден на мигрена, со цел подигнување на јавната свесност дека мигрената претставува сериозна невролошка состојба, а не само обична главоболка

Таа нагласи дека мигрената е една од најонеспособувачките невролошки заболувања, при што пациентите за време на напад не се способни за работа или секојдневни активности и често се повлекуваат во затемнета просторија поради чувствителност на светлина, звук, гадење и вртоглавица.

-Мигрената буквално им краде денови од животот на луѓето. Во Европа се проценува дека околу 50 милиони луѓе страдаат од оваа состојба, а на светско ниво бројката достигнува околу една милијарда, изјави Цветковска, додавајќи дека вообичаените лекови против болка често не се ефикасни.

Според неа, мигрената ги погодува сите возрасни групи, но најчеста е кај работоспособното население на возраст од 25 до 55 години и е трипати почеста кај жените, што се поврзува со хормоналните фактори.

-Во однис на тоа дали постои во детската возраст, постои исто така, порано се сметаше во менопаузата поминува, не, постои и во постарата популација, така да никој не е поштеден од мигрената. Терапијата се дели на онаа која се дава за прекин на нападот акутен на мигрена кога ќе се јави или ако некој има чести напади, превентивна терапија за воопшто да не се јават нападите. И тука е, нели, големиот напредок што во последните години го постои во светот, нели, во терапијата,  бидејќи имаме лекови кои специфично делуваат на механизмите на настанување на мигрена. Вообичаените аналгетици често пати не помагаат и заради тоа треба да се даваат овие лекови, рече Цветковска.

Директорот на Клиниката за неврологија, д-р Јован Божиновски, информира дека од февруари годинава е формирана специјализирана амбуланта за третман на мигрена, низ која во изминатиот период поминале повеќе од 50 пациенти.

Тој посочи дека од 2020 година на клиниката се применува современа терапија за превенција на мигренозни напади, преку Фондот за здравствено осигурување, при што досега се опфатени 117 пациенти. – Околу третманот на самата мигрена веќе во денешно време постојат многу современи лекови коишто не го запираат самиот мигренски напад, туку го превенираат да не се јави истиот, нагласи д-р Божиновски.

-Ефектите се охрабрувачки – кај дел од пациентите нападите се значително намалени или целосно отсуствуваат. За оваа година планираме проширување на терапијата за уште 70 пациенти, рече Божиновски.

Лекарите предупредуваат дека дел од пациентите сè уште не ја препознаваат мигрената или ја занемаруваат, наместо да побараат медицинска помош, поради што повикуваат на поголема информираност и навремено лекување.

– За жал, сè уште, еве и затоа е оваа акција да се подигне јавната свест за постоењето на мигрената. За жал, одреден број пациенти и нити ја препознаваат, нити ја третираат, туку едноставно се затвораат во своите домови неколку два до три дена додека трае нападот ќе помине, па ќе се вратат на своите работни задачи. Меѓутоа тоа не е целта и еве ги охрабрувам да се јават кај соодветни невролози за да се соодветно дијагностицира и да или да се јават на нашата клиника и во нашата амбуланта за мигрена, истакна Божиновски.

Тој потенцира дека според статистиките, околу дванаесет до петнаесет проценти од населението има мигрена, што значи некаде околу сто осумдесет до двесте илјади жители во нашата држава се погодени од мигрена.

-Не сите доаѓаат, се разбира, меѓутоа сепак тоа е една сериозна и голема бројка и во нашите амбуланти често циркулираат такви пациенти, некогаш не како мигренозни, него како главоболки, но ги има и ги има една од најчестите патологии која што се јавува во нашата амбуланта, рече Божиновски.

Тој кажа дека за да се дијагностицира мигрената, пред сè е многу битна добра анамнеза да се земе од самиот пациент за тоа како хронологијата на започнување на самиот на самата главоболка, понатаму можните придружни симптоми.

– Дел од мигрените одат со аура, односно одредени симптоми кои што предскажуваат дека ќе се случи тој мигренски напад, така што добро земената анамнеза, добар невролошки преглед и потребните ако се потребни дополнителни доиследувања со дополнителни радиолошки техники, тоа е доволно за да се постави една таква дијагноза, истакна д-р Божиновски.
 
Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашко Клековски, рече дека мигрената како состојба која значитено влијае на квалитетот на живот и на продуктивноста на граѓаните.

-Во таа смисла имавме голема чест да ја поддржиме Клиниката за неврологија за започнувањена современа терапија за мигрена, која не значи само контрола на болеста туку дава можнот и за комплетно наминување на болеста. Сето тоа што може да влијае квалитетот на животот на граѓанте, на продуктивноста, на намалување на боледувањето, на отусство од работа, ќе го поддржуваме и во иднина, додаде Клековски.


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано