ВО СРЕДА ИСТЕКУВА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИМИРЈЕ, НО САД И ИРАН СЕ ЗАКАНУВААТ СО НОВИ БЛОКАДИ НА ОРМУСКИОТ ПРЕМИН

Претседателот на САД, Доналд Трамп, посочи дека американската блокада на иранските пристаништа ќе остане на сила дури и ако тековниот договор за прекин на огнот со Иран истече следната недела, објавува CBS News.

„Можеби нема да го продолжам“, рече Трамп за двонеделното примирје со Иран. „Но, блокадата ќе остане. Но, можеби нема да го продолжам, па имате блокада и, за жал, ќе мора повторно да почнеме да фрламе бомби“.

Без продолжување или траен мировен договор, прекинот на огнот, кој започна на 8 април, треба да истече во среда, 22 април.

Централната команда на САД вели дека блокадата, која започна во понеделник, принудила 21 брод да се свртат и да се вратат во Иран.

Еден ден по најавата на Иран дека повторно  го отвори Ормускиот теснец за бродски сообраќај, Техеран се заканува со нова блокада на теснецот. Како причина, претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, ја наведе поморската блокада од страна на САД. Таа е насочена против бродови што се упатуваат кон ирански пристаништа или ги напуштаат.

Претходно, и портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Исмаил Багаи, ја критикуваше американската поморска блокада како „прекршување на прекинот на огнот“, на што, според него, ќе следи „соодветен одговор од Иран“. Тој нагласи дека отворањето и затворањето на Ормускиот теснец не се одвива на социјалните мрежи, туку дека Иран е „клучниот актер во ова прашање“. 


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано