ЗАТВОРЕНА ГЛАВНАТА НАФТЕНА АРТЕРИЈА ДОЛГА 1.200 КИЛОМЕТРИ ВО САУДИСКА АРАБИЈА, Ирак потврди за нападот со беспилотни летала

Саудиска Арабија го затвори еден од своите клучни нафтоводи по нападот со беспилотни летала за кој Ирак потврди дека е лансиран од нејзина територија.

Нападнат е нафтоводот Исток-Запад, долг околу 1.200 километри, со кој Саудиска Арабија може да транспортира сурова нафта кон Црвеното Море и на тој начин да го заобиколи стратешки важниот Ормуската Теснина.

Саудиските власти во петокот објавија дека го затвориле нафтоводот како мерка на претпазливост, јавува Би-Би-Си. Во нападот имало повредени, а предизвикана е и материјална штета, чиј обем сè уште се утврдува. Сателитските снимки покажале зацрнети области и траги од чад во близина на местото на ударот.

Според податоците што ги цитира Ројтерс, повикувајќи се на компании што го следат движењето на бродовите и аналитичарите, нафтоводот пренесувал помеѓу четири и пет проценти од светските резерви на нафта пред нападот. Ирак потврди дека нападот бил лансиран од покраината Мајсан, која се граничи со Иран. Ирачкиот премиер наредил истрага, а откако потврдил дека нападот е извршен од таа покраина, командантот на операциите таму бил заменет, пренесува Б92.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано