Минхенскиот институт проценува дека дел од германската автомобилска индустрија би можел да има корист од растот на европските инвестиции во одбраната.
Деловната клима во германската автомобилска индустрија значително се подобри во јули, благодарение на растот на новите нарачки од Германија и еврозоната, иако компаниите сè уште планираат да го намалат бројот на вработени, според извештајот објавен денес од Институтот за економски истражувања во Минхен ИФО.
Вредноста на индексот што го мери расположението за бизнисот во германската автомобилска индустрија се зголеми од минус 21,6 поени во јуни на минус 15,6 поени во јули.
Поточно, очекувањата на компаниите за наредните месеци се подобрија, од минус 30,7 поени во април на речиси неутрален минус 0,1 поен во јули.
Официјалните податоци за новите нарачки до мај, исто така, укажуваат на закрепнување, првенствено благодарение на поголемата побарувачка од Германија и земјите од еврозоната, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис








