ВО ДРЖАВНА ФИРМА ВО РОМАНИЈА 5.000 РАБОТНИЦИ БИЛЕ ВО РОДНИНСКИ ВРСКИ, МЕЃУ НИВ 1.400 БРАЧНИ ПАРОВИ, во фирмата е поведена стечајна управа

Јавниот превозник на романската престолнина Букурешт се најде во сериозна финансиска криза откако воведувањето на стечајната управа откри шокантни податоци за работењето, вработувањето и можните злоупотреби што ја оптоваруваа оваа компанија со години.

Судскиот администратор презентираше информации дека дури 4.876 вработени се поврзани меѓусебно преку семејни врски. Меѓу нив има околу 1.400 брачни парови, додека 30 семејства имаат повеќе од десет членови вработени во истата компанија.

Финансиската состојба е дополнителна загрижувачка. Компанијата се соочи со долг од 561 милион евра, додека оперативната загуба во првите десет месеци од набљудуваната година достигна 143 милиони евра.

Особено сериозни неправилности беа откриени во потрошувачката на гориво. Според наодите на менаџерот, евидентираната потрошувачка на дизел била за околу 20 проценти поголема од реалната, што наводно ѝ предизвикало на компанијата загуба од шест милиони евра годишно. Записите за километражата беа исто така сомнителни, бидејќи рачно пополнетите патни налози покажаа дури пет милиони километри повеќе од инструментите во возилата.

Дополнително внимание беше посветено на податоците за 176.000 дена боледување евидентирани во текот на една година, како и на состојбата на сервисот за поправка на возила, каде што беа завршени само 39 проценти од планираната работа, пренесуваат медиумите во регионот.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано