Традиционално третиот викенд во ноември во Винарската визба „Тиквеш“ денеска се одржа 17-тиот Фестивал на младото вино. На денешниот настан присуствуваа бројните пријатели, партнери и соработници на „Тиквеш“, како и претставници на дипломатскиот кор и институциите.
Во атмосфера исполнета со енергија и страст кон виното, гостите ги дегустираа младите вина од најновата берба.





Во своето поздравно обраќање, претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, го истакна влијанието на „Тиквеш“ во развојот на пазарот и трансформацијата на македонската и регионалната винска индустрија.
Фото Економија и бизнис








