Големите компании сè повеќе ги елиминираат средните менаџерски слоеви, ги зголемуваат тимовите и дел од координативната работа ја префрлаат на вештачката интелигенција. Податоците покажуваат дека менаџерите кои остануваат водат сè повеќе луѓе, додека вработените во компаниите кои ги разредија управувачките структури почесто предупредуваат дека им недостасува насока и поддршка.
Големи компании во светот користат алатки за вештачка интелигенција при пишување одговори на клиентите, подготовка на состаноци и пронаоѓање внатрешни информации, што беше и причина за отпуштања на голем број на вработени во средниот менаџмент.
Во иднина корпоративната пирамида станува порамна. Трендот беше наречен и „големо израмнување“, т.е. големо израмнување на корпоративната хиерархија. Идејата не е дека менаџерите целосно ќе исчезнат преку ноќ, туку дека еден менаџер со помош на технологијата може да управува со поголем тим, додека дел од известувањето, координацијата, анализата на податоци и административните задачи се автоматизирани.
Се проценува дека до крајот на 2026 година, 20 проценти од организациите ќе користат вештачка интелигенција за да го намалат бројот на организациски слоеви и да елиминираат повеќе од половина од постојните позиции на среден менаџмент. Неодамнешните податоци на Гартнер, исто така, покажуваат дека повеќе од половина од извршните директори планираат да користат вештачка интелигенција за дополнително намалување на менаџерските слоеви во следните пет години.
Извештајот на „Галуп“ за состојбата на глобалното работно место во 2026 година покажува дека уделот на ангажирани менаџери на глобално ниво се намалил од 31 процент во 2022 година на само 22 проценти во 2025 година. За вработените без менаџерска функција, промената била значително помала, од 20 на 19 проценти.
Ова поставува клучно прашање за компаниите: колку задачи од средниот менаџмент навистина можат да се автоматизираат без да се изгуби менторството, контекстот и можноста за донесување одлуки што не се евидентирани во базите на податоци?
Средните менаџери традиционално не пренесуваат само информации од врвот до вработените. Тие ги проценуваат луѓето, решаваат конфликти, објаснуваат нејасни одлуки, пренесуваат институционално знаење и често се првото ниво на кое идните виши раководители учат да водат тимови.
Во исто време, проценува дека вештачката интелигенција целосно ќе автоматизира околу шест проценти од американските работни места до 2030 година, додека значително поголем број работни места ќе бидат променети, а не целосно укинати.
Вештачката интелигенција им овозможува на компаниите да работат со помалку слоеви и поголеми тимови, но тоа не значи дека потребата за лидерство исчезнува. Колку е потенка хиерархијата, толку повеќе одговорност завршува на помалку менаџери – или директно на вработените, пренесува Пословни дневник.
Фото Економија и бизнис








