УНИЦЕФ: Над 347 милиони деца изложени на ризик од поплави и суши поради Ел Нињо

Повеќе од 347 милиони деца во речиси сто земји и територии би можеле во периодот до крајот на календарската година да бидат засегнати од невообичаено влажни или сушни услови, последица на Ел Нињо феноменот, соопшти денеска УНИЦЕФ.

Ел Нињо е климатски образец што се повторува и се карактеризира со затоплување на делови од Тихиот Океан, што потоа влијае врз временските услови ширум светот.

Според прогнозите, Ел Нињо во периодот 2026-2027 година би можел да биде еден од најсилните досега регистрирани.

Се очекува невообичаено обилните врнежи и сушните услови да ја зголемат веројатноста за екстремни временски појави, вклучително и големи поплави и тешки суши, со што би биле загрозени животот, здравјето и образованието на децата.

Повеќе од истиот автор

Најчитано