ТРИДНЕВЕН ПАД НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА, падна и цената на златото

Цената на нафтата Брент паѓа три дена по ред и достигна 86 долари за барел, по најавата за договор меѓу Иран и Оман за Ормуската Теснина, што ќе овозможи безбедно поминување на танкери за нафта.

Цената на нафтата Брент падна за 2,53 проценти на 86.330 долари за барел во 9:30 часот наутро, а цената на американската нафта WTI падна за 2,59 проценти на 80.229 долари.

Пазарните експерти исто така веруваат дека новите американски санкции против Техеран нема веднаш да отстранат значителна количина иранска нафта од пазарот, а Кина, која е нејзин главен клиент, може да ги апсорбира санкциите.

Германскиот берзански индекс DAX падна за 0,21 процент, британскиот FTSE 100 за 0,11 проценти, московскиот MOEX за 1,04 проценти, додека францускиот CAC 40 порасна за 0,41 процент, а миланскиот FTSE MIB за 0,15 проценти.

Европските фјучерси за гас за септември беа продадени денес на отворањето на Амстердамската берза TTF по цена од 65 евра за мегават-час.

Вредноста на еврото во однос на доларот на Форекс берзата денес е 1,16702 долари.

Цената на златото падна на 4.633,96 долари за унца, а цената на пченицата се искачи на 6,9333 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг), пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано