ТРАМП ВЕТУВА 5.000 ДОЛАРИ ЗА СЕКОЈ ВОЗРАСЕН АМЕРИКАНЕЦ ДОКОЛКУ РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ПОБЕДАТ НА ИЗБОРИТЕ

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека ќе му исплати на секој возрасен Американец „дивиденда од Трамп“ од 5.000 долари ако републиканците ја задржат контролата врз Конгресот на среднорочните избори во ноември

„Ако републиканците победат во Претставничкиот дом и Сенатот – двата дома поради нашата огромна економска сила и успех, ќе исплатам дивиденда од 5.000 долари на секој возрасен граѓанин на Соединетите Американски Држави. Единствениот услов е оваа дивиденда да мора да се потроши во Соединетите Американски Држави“, рече Трамп во Далас на првата конвенција на Републиканската партија посветена на среднорочните избори.

Сепак, не беше веднаш јасно како ќе се вршат исплатите или дали тие ќе бидат легални. Со оглед на тоа што во Соединетите Американски Држави живеат околу 270 милиони возрасни лица, потфатот би чинел приближно 1,35 трилиони долари.

За време на својот говор, Трамп се пофали дека имал „две најдобри години во историјата на претседателството“, ставајќи се себеси во центарот на изборите и покрај неговата намалена популарност. Сепак, не беше јасно дали неговиот говор, во стилот на кампањата, ќе има резонанца кај клучните неопределени гласачи кои, според анкетите, се оддалечија од партијата на Трамп поради растечкото незадоволство од трошоците за живот и војната со Иран, пренесува Тпортал.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано