Американскиот претседател Доналд Трамп го искористи пукањето на вечерата на дописниците во Вашингтон во неделата за да ја истакне важноста на изградбата на огромна балска сала до Белата куќа, која се соочува со правни пречки.
Во саботата навечер беа испукани истрели додека агентите на Тајната служба го држеа вооружениот човек кој се обиде да упадне на вечерата на дописниците од Белата куќа, на која присуствуваа Трамп, високи владини претставници и стотици новинари.
Годишниот настан се одржа во хотелот „Вашингтон Хилтон“, неколку блока северно од Белата куќа.
„Она што се случи синоќа е токму причината зошто нашата голема војска, тајната служба, полицијата и, од различни причини, секој претседател во последните 150 години, БАРААТ да се изгради голема, безбедна и сигурна балска сала во ОБЛАСТА НА БЕЛАТА КУЌА“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.
Балската сала од 400 милиони долари стана приоритетен проект за Трамп, а тој често ја споменува на јавни настапи, прес-конференции и состаноци, пренесува Н1.
Фото Економија и бизнис







