Федералниот суд во САД ги прогласи за нелегални тарифите од 10% за сите стоки што ги донесе претседателот Доналд Трамп, што е втор голем удар врз неговите клучни економски политики оваа година. Судскиот совет на Американскиот суд за меѓународна трговија во четвртокот со гласови од 2 спрема 1 пресуди дека администрацијата на Трамп нема законско оправдување за воведување на тарифите, пишува CNN.
Во пресудата се наведува дека администрацијата се повикала на член 122 од Законот за трговија од 1974 година, но судиите утврдиле дека аргументацијата за воведување царински давачки не е доволна. Администрацијата започнала со спроведување на овие тарифи откако Врховниот суд ги прогласи своите најобемни давачки за нелегални претходно оваа година.
Инаку, Член 122 му дозволува на претседателот да воведува тарифи до 15% на сите увози без одобрение од Конгресот доколку се исполнети одредени услови.
Со пресудата ѝ наредува на администрацијата да престане да собира царински давачки од тужителите во оваа постапка и се наложува да им се вратат веќе платените износи. Иако одлуката влијае само на компаниите што поднеле тужба, таа претставува значителен удар за администрацијата на Трамп и нејзината способност да воведува царини.
Тарифите би можеле да останат на сила за сите други увозници до јули. Администрацијата сè уште има на располагање царински давачки поврзани со одредени индустрии и веќе го започна процесот на воведување на голем број нови давачки на национално ниво. Се очекува администрацијата да поднесе жалба на вчерашната пресуда
Врховниот суд во февруари пресуди дека широк спектар на царини на Трамп се нелегални. Како одговор, Трамп воведе нови глобални царини, повикувајќи се на претходно непроверените законски овластувања од Законот за трговија од 1974 година.
Многу работи остануваат неизвесни. Увозниците сега можат да поднесат барање за враќање на царини што Врховниот суд ги прогласи за нелегални. Сепак, се очекува процесот да се воведува постепено и не е јасно кога системот ќе биде отворен за сите барања. Плаќањата би можеле да бидат одложени доколку администрацијата преземе понатамошни чекори што би можеле да влијаат на износот на повратните средства, пренесува Индекс.хр.
Фото Економија и бизнис








