Повеќе од 600.000 луѓе беа евакуирани денес во Кина пред доаѓањето на тајфунот Бави, откако бурата ги погоди островите во југозападна Јапонија и се приближи кон Тајван.
Иако тајфунот забавува, тој сè уште претставува опасност поради високата влажност што ја задржува во дождовните појаси.
Државните медиуми соопштија дека повеќе од половина милион луѓе се евакуирани во покраината Џеџијанг, каде што се наоѓа градот Венжоу, и повеќе од 100.000 во соседната покраина Фуџијан.
Иако Јапонија и Тајван досега не пријавија смртни случаи, 17 лица загинаа на Филипините поради обилните дождови предизвикани од засилениот југозападен монсун, влошен од Бави.
Тајванската противпожарна служба соопшти дека 87 лица се повредени, претежно од паѓање од мотоцикли или велосипеди, како и од паѓање на земја или удар од предмети.
Во Тајван, владата евакуираше повеќе од 14.000 луѓе, претежно од планинските области, додека островот се подготвуваше за доаѓањето на тајфунот Бави од север, пренесува Данас.
Фото Економија и бизнис








