Светско првенство 2/16 — MetLife Stadium (Њујорк/Њу Џерси): Арената каде што ќе се игра финалето на Светското првенство 2026

MetLife Stadium е едно од најважните места на целиот Мундијал — и сцена каде што ќе се испише финалето на фудбалската историја во 2026 година.
2/16 — MetLife Stadium (Њујорк/Њу Џерси)

ИНФО

  • Град: Ист Ратерфорд (Њу Џерси)
  • Држава: САД
  • Капацитет: околу 82.500 гледачи
  • Отворен: 2010
  • Домаќини: New York Giants / New York Jets
  • Интересен факт: домаќин на финалето на СП 2026

MetLife Stadium ќе биде централната сцена на Светското првенство 2026, бидејќи токму тука ќе се одигра финалниот натпревар на турнирот. Сместен во Ист Ратерфорд, веднаш до Њујорк, овој стадион претставува една од најголемите и највлијателните спортски арени во САД.

Иако е релативно нов, отворен во 2010 година, MetLife Stadium веќе има силна спортска историја. Тој е дом на два NFL гиганти — New York Giants и New York Jets — и редовно е сцена на најголемите спортски и музички настани во Америка. Тука се играле Super Bowl натпревари, финалиња, како и концерти на најголемите светски ѕвезди.

Стадионот исто така, беше централен дел од завршувањето на Светското клупско првенство на ФИФА 202, додека навивачи од целиот свет се вклучија да ја видат возбудливата победа на Челзи од 3-0 над Париз Сен Жермен.

Со капацитет од над 82.000 гледачи, стадионот е изграден да прима огромни настани и публика од целиот свет. Неговата локација, на само неколку минути од Њујорк, му дава дополнителна тежина — градот што никогаш не спие ќе биде буквално завршеток на финалето на Светското првенство.

На 19 јули 2026 година, MetLife ќе стане место каде што ќе се затвори најголемиот фудбалски турнир на планетата. Сите очи ќе бидат вперени во овој стадион кога ќе се решава новиот светски шампион.

Пред финалето, стадионот ќе биде домаќин на пет натпревари од групната фаза: Бразил-Мароко, Франција-Сенегал, Норвешка-Сенегал, Еквадор-Германија, и Англија-Панама, пред да биде домаќин на нокаут натпреварите.

Комбинацијата од модерна инфраструктура, огромен капацитет и глобална локација го прави MetLife Stadium едно од најважните места на целиот Мундијал — и сцена каде што ќе се испише финалето на фудбалската историја во 2026 година.

Утре во серијалот „16 стадиони, еден Мундијал“:

SoFi Stadium (Лос Анџелес) — футуристичката арена што изгледа како од иднината.


1/16 — Estadio Azteca (Мексико Сити): Легендарниот стадион што повторно ќе биде во центарот на Светското првенство

Повеќе од истиот автор

Најчитано