ИНФО
- Град: Мексико Сити
- Држава: Мексико
- Капацитет: околу 83.000 гледачи
- Отворен: 1966 година
- Домаќин: Club América / Мексиканска репрезентација
- Интересен факт: Единствен стадион што ќе биде домаќин на три Светски првенства
Кога се зборува за најлегендарните стадиони во светот, Estadio Azteca секогаш е меѓу првите имиња. Стадионот во Мексико Сити не е само спортска арена, туку место каде што е испишана дел од најголемата фудбалска историја.
На овој стадион ќе биде отворено Светското првенство на ФИФА 2026 во четврток на 11 јуни, во 21:00ч по македонско време со натпреварот помеѓу Мексико и Јужна Африка. Покрај овој натпревар на овој стадион ќе се играа уште два натпревари од групната фаза (Узбекистан-Колумбија и Чешка-Мексико) и два натпревари во нокаут фазата.

Токму тука Бразил на Пеле ја освои титулата во 1970 година, а 16 години подоцна Диего Марадона ги постигна легендарните „Божја рака“ и „Гол на векот“ против Англија.
Отворен во 1966 година, „Ацтека“ со децении е симбол на мексиканскиот фудбал и еден од најпознатите стадиони на планетата. Неговата атмосфера, огромниот капацитет и надморската височина на Мексико Сити создаваат уникатно искуство за играчите и навивачите.
Стадионот Мексико Сити беше местото на одржување на финалето на Светското првенство на ФИФА за играчи до 17 години во 2011 година, кога со капацитет од 98.943 гледачи беше поставен рекорд за бројот на навивачи на кој било натпревар во историјата на престижниот младински турнир.
Во 2026 година Estadio Azteca повторно ќе биде центар на светскиот фудбал и ќе стане првиот стадион во историјата што бил домаќин на три Светски првенства.








