Со 2,7 милиони евра вложени во фондот е подготвено портфолио на потенцијални инфраструктурни инвестиции во вредност од околу 130 милиони евра

Амбасадорот на Шведска, Ола Сулстром, во интервјуто за Економија и бизнис, вели дека релативно малите вложувања во подготовка на инфраструктурни проекти можат да отворат пат за значително поголеми инвестиции.

„Со 2,7 милиони евра вложени во фондот е подготвено портфолио на потенцијални инфраструктурни инвестиции во вредност од околу 130 милиони евра. Со други зборови, секое евро вложено во подготовка на проекти може да генерира до 47 евра инвестиции“, вели Сулстром.

Тој посочува дека преку Фондот за техничка документација до крајот на 2025 година биле доделени 99 грантови за подготовка на инфраструктурни инвестиции низ земјата. Од нив, 26 проекти веќе обезбедиле повеќе од 16 милиони евра за финансирање.


Целото интервру можете да го прочитате на ЛИНКОТ

Повеќе од истиот автор

Најчитано