Минатата недела донесе зголемена активност на Македонска берза, со вкупен промет од 98,1 милиони денари, што е раст од 25,1% во однос на претходната недела. Иако прометот порасна, ценовните движења кај дел од најтргуваните акции беа негативни, при што акциите на Стопанска банка, НЛБ Банка и Комерцијална банка забележаа пад.
Неделен извештај: Македонска берза за периодот 21.09.2026 до 25.09.2026 година
Берзански резиме (21-25 септември 2026)
Берза: Македонска берза
Вкупен промет (на сите пазари): 98,1 милиони денари
Промена (во однос на претходната недела): + 25,1%
Најтргувана акција: Комерцијална банка Скопје (51,8 милиони денари)
Топ 3 по промет: Комерцијална банка Скопје, Алкалоид Скопје и Универзална Инвестициона Банка Скопје
Акции со раст: 3
Акции со пад: 5
Најголем раст: Адинг Скопје (+3,96 %)
Најголем пад: Стопанска банка Скопје (-8,33 %)
Најтргувани акции во неделата
| Компанија | Промет |
| Комерцијална банка | 51,8 милиони денари |
| Алкалоид Скопје | 17,4 милиони денари |
| Универзална Инвестициона Банка Скопје | 4,4 милиони денари |
| НЛБ Банка АД Скопје | 2,1 милиони денари |
| Макпетрол Скопје | 1,6 милиони денари |
Промет на берзата
Вкупниот промет на сите пазари на Македонска берза од 21.09.2026 до 25.09.2026 година изнесуваше 98,1 милиони денари (1,59 милиони евра), што е за 25,1 % повеќе во споредба со претходната недела.
Прометот беше реализиран преку 441 трансакции, 60 помалку во однос на претходната недела со кои се истргуваа 10 396 акции и обврзница, 1 705 помалку во однос на претходната недела.
Добитници и губитници
Раст на вредноста минатата недела забележаа акците на:
- Адинг Скопје – раст од 3,96 %
- Аутомакедонија Скопје – раст од 3 %
- Макпетрол Скопје – раст од 0,01 %
Топ 3 акции со пад на вредноста се:
- Стопанска банка Скопје– пад од 8,33 %
- НЛБ Банка АД Скопје – пад од 7,88 %
- Комерцијална банка Скопје– пад од 7,87 %
Активност по количина
Според бројот на истргувани акции, најактивни беа:
- Комерцијална банка Скопје – 2 184 акции
- Македонски Телеком Скопје – 2 042 акции
- РЖ Услуги Скопје– 2 000 акции
Изминатата недела, исто така се реализираа и две блок трансакции со акциите на Комерцијална банка Скопје. Во нив се истргуваа 1483 акции за кои се платија вкупно 36,7 милиони денари или околу 597,6 илјади евра.
Иако берзанскиот промет значително се зголеми, ценовните движења покажаа различна слика, особено кај банкарскиот сектор. Трите најтргувани банки – Комерцијална банка, НЛБ Банка и Стопанска банка – неделата ја завршија со пад на вредноста на акциите, додека позитивните движења беа ограничени на три акции.
подготви: Кирко Бошкоски, Економија и бизнис








