Цената на природниот гас на европскиот пазар денес надмина 80 евра за мегават-час, највисоко ниво од јануари 2023 година, поради сè поизразените стравувања од нови прекини во снабдувањето со енергија предизвикани од ситуацијата на Блискиот Исток.
Фјучерсите за гас за испорака следниот месец на холандскиот TTF пазар, што претставува главна референтна цена за европскиот пазар, се зголемија за дури 6,8 проценти во текот на денот, на 80,98 евра за мегават-час.
Иако цените се уште се далеку под рекордните нивоа забележани за време на енергетската криза во 2022 година, цената на гасот е повеќе од двојно зголемена од почетокот на војната на Блискиот Исток, додека приближувањето на зимската сезона дополнително го зголемува притисокот врз европскиот пазар.
Фото Економија и бизнис








