Скијачките центри на Србија го објавија овогодинешниот ценовник на ски-карти за Копаоник, Стара Планина и Златибор. Врз основа на податоци кои беа објавени денеска во медиумите во Србија, цената на дневниот билет на Копаоник е поделена во три категории: во сезона и во предсезона и постсезона (15 ноември – 16 декември и од 24 март до крајот на сезоната).
Дневниот билет се движи од 3.900 динари за деца, 5.600 динари за возрасни и 5.000 динари за пензионери (едно евро се разменува за 117 динари).
Во врвот на сезоната (25 декември – 7 јануари и 11–17 февруари), дневниот билет чини 5.000 динари за деца, 6.500 динари за возрасни и 5.900 динари за пензионери.
Цените во Торник (Златибор) и Стара Планина се значително попристапни во споредба со Копаоник.
Во предсезоната (15 ноември – 16 декември), дневен билет за овие планини чини 2.550 динари за деца, 3.450 динари за возрасни и 3.000 динари за пензионери.
За неделните и семејните билети се предвидуваат и одредени попусти во зависност од терминот на зимскиот одмор, пренесуваат медиумите во Србија.
Фото Економија и бизнис








