ОЕЦД објави нов извештај за просечните годишни бруто плати во Европа, а податоците покажуваат огромни разлики меѓу земјите во номинални износи и во реалната куповна моќ на граѓаните. Годишните бруто плати се движат од 18.590 евра во Турција до дури 107.487 евра во Швајцарија. Швајцарија е единствената европска земја каде што просечната годишна бруто плата ја надминува границата од 100 илјади евра, пишува Еуроњуз.
Исланд е на второ место со просечна бруто годишна плата од 85.950 евра, додека Луксембург ја предводи ЕУ со 77.844 евра. Данска и Холандија се исто така на врвот, обете над 69 илјади евра, што ја потврдува доминацијата на северна и западна Европа.
Меѓу најголемите европски економии, Германија е најдобро рангирана со просечна бруто плата од 66.700 евра, додека Обединетото Кралство е веднаш зад неа со нешто над 65 илјади евра. Франција, Италија и Шпанија значително заостануваат – Шпанија бележи само 32.678 евра годишно.
На другиот крај од скалата се главно земји од Источна и Јужна Европа. Најниската просечна плата во рамките на ЕУ е во Словачка со 19.590 евра годишно. Унгарија, Латвија, Чешка, Португалија и Полска се исто така под границата од 25 илјади евра. Вкупно, дури девет членки на ЕУ имаат просечни бруто плати пониски од 30 илјади евра.
Кога се зема предвид куповната моќ, сликата малку се менува. Во оваа пресметка, просечните бруто плати се движат од 38.118 евра во Словачка до 106.532 евра во Швајцарија. Германија дополнително ја зајакнува својата позиција во оваа споредба и се искачува на второто место со речиси 94 илјади евра според куповната моќ.
Фото Економија и бизнис







