Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација ќе воведе „високи царини“ за Мексико поради паразит што предизвикува дијареја, пронајден во зелена салата произведена во таа земја и поврзан со болести во девет американски држави.
На прашањето кога повторно ќе биде безбедно да се јаде зелена салата, Трамп рече дека САД „ќе стават голема царина за Мексико поради зелена салата“.
„Ќе воведеме високи царини за Мексико за зелена салата. Исто така, ќе воведеме царини за Канада за чадот“, рече Трамп, осврнувајќи се на чадот што го носи ветерот од стотиците пожари во Канада.
Американскиот претседател додаде дека неговата администрација ќе разговара со Канада за последиците од пожарите, за кои рече дека предизвикале проблеми во САД.
„Никогаш не сме имале ваков проблем. Одеднаш го имаме овој проблем со Канада. Ќе мора да разговараме со нив за тоа“, рече Трамп.
Кога го прашале што би избрал, проблемот со зелената салата или чадот од Канада, Трамп одговорил дека би „го избрал чадот“, додавајќи дека чадот влијаел и на настанот на неговата ќерка.
„Чадот го наруши натпреварот по пливање на мојата ќерка. Исто така, затвори голем број американски држави“, рече американскиот претседател.
Трамп рече дека побарал од Канада да преземе мерки за решавање на проблемот со чадот од шумските пожари што ја преминуваат границата, пренесува Еуроњуз Србија.
Фото Економија и бизнис








