Главните земји од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и ОПЕК+ се согласија да ги зголемат квотите за производство за јуни, но според медиумите во светот, станува збор за скромно и симболично зголемување, со намера да се испрати порака за продолжување на вообичаеното работење по ненадејното излегување на Обединетите Арапски Емирати од организацијата.
Седум земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Русија, ќе го зголемат дневното производство за околу 188.000 барели почнувајќи од јуни, што беше договорено на видеоконференција на делегатите на земјите-членки, објави ОПЕК.
Организацијата ОПЕК+, чии членови се помали земји извознички и партнери на земјите од ОПЕК, ќе го продолжи процесот на враќање на производството, кој беше запрен неколку години пред почетокот на војната во Иран, се додава во соопштението.
Русија ќе може да го зголеми производството на нафта во јуни за 62.000 барели дневно во споредба со мај, на 9,762 милиони, според соопштението на ОПЕК+.
Заедно, седумте клучни учесници одлучија да го зголемат максималното дозволено ниво на производство за 188.000 барели дневно во споредба со доброволните ограничувања, пренесува РИА Новости.
Од април 2023 година, седумте земји на ОПЕК+ имаа дополнителни ограничувања – покрај квотите за производство на нафта утврдени за сите учесници во договорот. Тие се постепено укинати од април минатата година, па затоа се состануваат месечно за да разговараат за плановите за следниот месец.
Фото Економија и бизнис






