Релативно топло со повремен локален дожд до сабота

Времето до сабота ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север, в недела ќе има заладување и стабилизирање. 

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.  Ќе дува слаб до умерен, а в петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Минималните (утринските) температури оваа седмица ќе бидат над нула и ќе се движат од  4 до 14 степени, а максималните (дневните) – од 7 до 21 степен.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано