Рекордна употреба на канабис меѓу тинејџерите во Грција

Според податоците, 11,5 отсто од 16-годишните млади во Грција користат канабис. Во последните десет години случаите на лекување зависници од канабис се зголемени за 32 отсто.

Употребата на канабис кај тинејџерите во Грција достигна рекордно ниво во последните 25 години, објави електронското издание на весникот „Катимерини“, повикувајќи се на податоци од извештај на грчкиот национален центар за Европската агенција за дроги.

Според податоците, 11,5 отсто од 16-годишните млади во Грција користат канабис. Во последните десет години случаите на лекување зависници од канабис се зголемени за 32 отсто.

Кај лекувањето на зависност од кокаин и други тешки дроги, растот е уште поголем – 106 отсто во последните пет години и 256 отсто во последните десет години.

Полусинтетичките канабиноиди исто така имаат значителен удел, при што 44 отсто од 16-годишниците што користат канабис употребуваат вакви супстанции. Грчките власти минатата година заплениле и големо количество вејпови што содржеле такви соединенија.

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано