Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 7.3 проценти во април годинава во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април минатата година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4 %, Капитални производи за 12.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 3.4 %.
Прометот во индустријата, вкупно, во април 2026 година, во однос на март 2026 година, бележи опаѓање од 1.8 %, додека во периодот јануари – април 2026 година, во однос на периодот јануари – април 2025 година, бележи пораст од 0.2 %.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 4.5 %, додека во периодот јануари – април 2026 година, во однос на периодот јануари – април 2025 година, бележи пораст од 2.0 %.
Прометот во индустријата на странските пазари во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 8.7 %, додека во периодот јануари – април 2026 година, во однос на периодот јануари – април 2025 година, бележи опаѓање од 0.2 %.
извор МИА








