Прометот на Македонска берза во септември падна 14,8%, Комерцијална банка повторно најтргувана

359,8 милиони денари промет на Македонска берза во септември, при што акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ имаа најголем удел во тргувањето.
Македонска берза – месечен промет и движење на акциите во септември 2026 година.

На Македонската берза во септември бил остварен промет од 359,8 милиони денари, што е намалување од 14,77 проценти во однос на август. И покрај понискиот вкупен промет, бројот на трансакции значително се зголемил, а најтргувана акција повторно била Комерцијална банка, со промет од 159,5 милиони денари.

Месечен извештај: Македонска берза септември 2026 година

Берза: Македонска берза
Вкупен промет (без блокови): 359,8 милиони денари
Промена: -14,7 % (во однос на август)
Најтргувана акција: Комерцијална банка
Топ 3 по промет: Комерцијална банка, Алкалоид Скопје и НЛБ Банка АД Скопје
Акции со раст: 7
Акции со пад: 9
Најголем раст: Шпаркасе банка Македонија Скопје (+15,1 %)
Најголем пад: ОКТА Скопје (-8,41 %)

Во деветтиот месец годинава на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен вкупен промет од 359,8 милиони денари (5,85 милиони евра), што претставува намалување од 14,77 % во однос на претходниот месец (август) од 2026 година.

Овој промет беше остварен со 1 592 трансакции, 632 повеќе во однос на претходниот месец, со кои се истргуваа 42 210 акции и oбврзници. Дополнително во 4 блок транскации се истргуваа уште 1 718 акции.

Најтргувани акции во септември 2026

Најголем промет во септември на Македонска берза имаа акциите на Комерцијална банка, Алкалоид Скопје и НЛБ Банка АД Скопје со 159,5, 48,4 и 22,2 милиони денари.

Потоа следуваат Макпетрол Скопје и Македонски Телеком Скопје со промет 14,1 и 7,8 милиони денари.

КомпанијаПромет
Комерцијална банка159,5 милиони денари
Алкалоид48,4 милиони денари
НЛБ Банка АД Скопје22,2 милиони денари
Макпетрол Скопје14,1 милиони денари
Македонски Телеком Скопје7,8 милиони денари

Добитници и губитници

Топ 3 акции со раст на вредноста во август се:

  • Шпаркасе банка Македонија Скопје – раст од 15,1 %
  • Универзална Инвестициона Банка Скопје – раст од 13,85 %
  • Хотели Метропол Охрид – раст од 4,07 %

Топ 3 акции со пад на вредноста во јули се:

  • ОКТА Скопје – пад од 8,41 %
  • Алкалоид Скопје – пад од 5,93 %
  • НЛБ Банка АД Скопје – пад од 3,85 %

Активност по количина

Според бројот на истргувани акции, најактивни беа:

  • Македонски Телеком Скопје – 15 793 акции
  • Комерцијална банка Скопје – 6 523 акции
  • Хотели Метропол Охрид – 3 299 акции

Истовремено во месец септември беа реализирани и 4 блок трансакции. Во три трансакции се истргуваа 1 593 акции на Комерцијална банка Скопје за 39,5 милиони денари.

Во една транскација се истргуваа 125 акции на Комерцијална банка Скопје по цена од 23 700 денари по акција.

Септември донесе понизок вкупен промет, но значително поголем број трансакции на Македонската берза. Комерцијална банка продолжи да доминира во тргувањето, додека кај акциите имаше мешано движење – седум акции забележаа раст, а девет пад.


подготви: Кирко Бошкоски, Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано