ПОВЕЌЕТО ИЗВОЗНИТЕ ВРСКИ НА КОМПАНИИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ТРААТ ПОМАЛКУ ОД ЕДНА ГОДИНА, само еден до четири проценти од новите извозни врски ја преживуваат петтата година

Економиите на Западен Балкан продолжуваат да растат, но зад позитивните прогнози се крие сериозен проблем за компаниите што се обидуваат да ги освојат странските пазари. Најновите податоци од Светската банка покажуваат дека голем број нови извозни деловни врски не успеваат да траат ниту една година, а особено загрижувачки резултат е забележан во Србија.

Според анализа објавена од IntelliNews, само 23 проценти од новите извозни врски меѓу компаниите, производите и странските пазари во Србија преживуваат по првата година. На ниво на набљудуваните економии на Западен Балкан, тој процент се движи помеѓу 23 и 39 проценти, додека само еден до четири проценти од новите извозни врски преживуваат петтата година.

Ова не значи дека компаниите нужно престануваат да работат, туку дека тие честопати не успеваат да задржат одредени производи и клиенти на одредени странски пазари.

Светската банка проценува дека економиите на Западен Балкан ќе постигнат просечен раст од 3,1 процент во 2026 година, по 2,6 проценти во 2025 година. За 2027 и 2028 година се предвидува раст од 3,4 проценти.

Кога станува збор за Србија, се очекува бруто домашниот производ да порасне за 3,1 процент оваа година, додека би можел да забрза на 3,7 проценти следната година.

Сепак, растот на регионалните економии во моментов се потпира првенствено на домашната потрошувачка и инвестициите, додека нето извозот негативно придонесува за економската активност.

Особено е интересно што вкупната трговија со стоки и услуги во Западен Балкан достигна 107 проценти од регионалниот БДП во 2025 година, што е повисоко од просекот на Европската Унија од 90 проценти.

Еден од најголемите проблеми за извозниците се трошоците кои не се директно поврзани со царинските давачки.

Додека просечната царинска давачка за увоз на стоки во регионот е околу 6,2 проценти, разни нетарифни мерки создаваат дополнителен трошок што одговара на царинска давачка од приближно 10,2 проценти  и во нив се трошоците за процедури како што се инспекции, сертификација, лабораториски тестови, дозволи и усогласеност на производите со различни стандарди, пренесува Телеграф.рс.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано