ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ 100 МИЛИОНИ БАРЕЛИ ОД ГЛОБАЛНИТЕ РЕЗЕРВИ НА НАФТА

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) денес објави дека нејзините членови постигнале договор за ослободување на уште 100 милиони барели нафта и деривати од резервите, како дел од интервенцијата започната во март.

Членовите ќе го забрзаат пласирањето на нафта и деривати на пазарот, што вклучува 20 милиони нафта и дизел што треба да бидат испорачани на пазарот „што е можно поскоро“, изјави ИЕА по состанокот на Одборот на директори.

Како дел од заедничката акција, ИЕА пласираше околу 330 милиони барели нафта на светскиот пазар од март.

Членовите се согласија дека преостанатите 100 милиони барели треба да бидат достапни што е можно поскоро, земајќи ги предвид посебните околности во поединечните земји.

Вкупната количина на нафта што треба да се ослободи може да ги надмине првично најавените 400 милиони барели, бидејќи некои членови веќе пласираа на пазарот повеќе количини отколку што првично ветија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано