„ШТЕДЛИВИТЕ ЗЕМЈИ“ НАСПРОТИ „ПРИЈАТЕЛИ НА КОХЕЗИЈАТА“ ДВЕТЕ ГРУПИ ЗЕМЈИ ВО ЕУ СЕ СООЧИЈА ОКОЛУ ЕВРОПСКИОТ БУЏЕТ

Лидерите на шесте фискално конзервативни, таканаречени „штедливи“ членки на Европската Унија (ЕУ), Германија, Австрија, Данска, Финска, Холандија и Шведска, се состанаа денес во пресрет на самитот на ЕУ за да го потврдат и изразат своето противење на предлогот за голем буџет на Унијата и се залагаа за намалување на расходите и пренасочување на средствата кон нови приоритети.

Овие земји се за намалување на повеќегодишниот буџет на ЕУ за неколку стотици милијарди евра и насочување на средствата кон области како што се безбедноста, истражувањето и климатската политика, наместо традиционалните области на финансирање, како што се земјоделството и кохезиската политика, пишува Еуроњуз.

Нивниот став е во спротивност со ставот на група од 17 членки на ЕУ, познати како „Пријатели на кохезијата“, предводени од Шпанија и Италија, кои се залагаат за зачувување на средствата за земјоделството и развојот на помалку развиените региони.

Дебатата за буџетот на ЕУ е закажана за денес попладне, а се очекува преговорите да бидат тешки, со оглед на големите разлики во ставовите на земјите-членки.

Поради оддалечените позиции, постигнувањето едногласен договор до крајот на годината, е сè помалку сигурно.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано