Куќа, два автомобила, одгледување и образование на две деца, здравствена заштита и пензионирање: Остварувањето на традиционалниот американски сон во 2026 година чини повеќе од 5,3 милиони долари во текот на целиот живот, според новата анализа на Investopedia.
Во пресметката за амњериканскиот сон се вклучени: сопственост на дом, нови автомобили, одгледување и образование на две деца на колеџ, денови за пензионирање, здравствена заштита, годишни одмори, домашни миленици и брак.
Според анализата, вкупните трошоци се зголемиле за 4,1 процент во споредба со претходната година. Во исто време, платите и надокнадите во приватниот сектор во САД се зголемиле за 3,1 процент во 12-те месеци што завршуваат во јуни, според податоците од Бирото за статистика на трудот на САД.
Пресметката, меѓу другото, имплицира дека семејството користи два нови автомобили и ги менува на секои пет години.
Најголемата поединечна ставка е поседувањето дом, кое заедно со поврзаните трошоци изнесува приближно 1,28 милиони долари. Една година претходно, таа сума изнесуваше околу 1,18 милиони долари.
Трошокот за користење на два нови автомобили, заедно со нивната редовна замена, се проценува на речиси 1,21 милиони долари во текот на целиот живот. Трошоците за пензионерските денови се приближно исти.
Куќата и автомобилите заедно носат околу 2,49 милиони долари, односно речиси половина од вкупната сметка.
Најизразен раст меѓу споменатите ставки е забележан кај одгледувањето на две деца и нивното високо образование. Проценетите трошоци се зголемија од приближно 876.000 долари во 2025 година на приближно 954.000 долари во 2026 година, или приближно девет проценти.
Свадбата се проценува на 38.800 долари, грижата за едно куче и една мачка на 40.772 долари, а доживотните одмори на 186.999 долари.
Здравствената заштита беше единствената категорија што забележа мало намалување на трошоците: проценетите трошоци за живот се намалија од околу 414.000 долари на приближно 413.000 долари.
Според анализата на Investopedia, средната вкупна заработка на вработен со факултетска диплома што работи со полно работно време од 25 до 64 години е приближно 3,6 милиони долари пред даноци, пренесува Инвеститор.ме.
Фото Економија и бизнис








