ПЛАТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА РЕАЛНО РАСТАТ ТРИ ГОДИНИ НАСПРОТИ ЕКОНОМСКАТА КРИЗА, највисок раст на платите има кај лицата со најниски приходи

Реалните плати во Германија повторно пораснаа во третиот квартал од оваа година и беа за 1,3 проценти повисоки отколку во истиот период минатата година, објави Федералниот завод за статистика.

Номиналните плати се зголемија за 4,3 проценти на годишно ниво, што е побрзо од растот на потрошувачките цени, кои се зголемија за 2,9 проценти во истиот период, пренесува ДПА.

Реалните плати во Германија растат без прекин три и пол години. Последен пат нивниот пад беше забележан во периодот на висока инфлација, во 2022 и 2023 година.

Надпросечен раст на номиналните плати е забележан во секторот за снабдување со енергија, каде што изнесуваше 6,7 проценти, како и во финансиските дејности и осигурувањето, со раст од 6,3 проценти.

Платите растеа побавно во професионалните, научните и техничките дејности, за 3,2 проценти, како и во рударството, за 3,1 процент.

Податоците ги вклучуваат бруто месечните заработки, вклучувајќи ги и посебните плаќања, а нивниот раст се споредува со движењето на потрошувачките цени.

Највисок раст на платите повторно е забележан кај вработените со најниски приходи. Платите на една петтина од вработените со најниски приходи се зголемија во просек за 6,6 проценти, пренесува Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано