ПЕТ ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИР НА ТРИ ВОЗИЛА НА ОБИКОЛНИЦАТА КОН ТЕТОВО

Вкупно пет лица се повредени во сообраќајна незгода што вчера вечер се случила на обиколницата „Мајка Тереза“ во Скопје, во правец кон Тетово.

Според информациите од МВР, незгодата била пријавена во СВР Скопје во 19:10 часот и се случила на обиколницата „Мајка Тереза” после клучка Радишани во правец кон Тетово, при што учествувале три возила: „опел“ со скопски регистарски ознаки, „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и „ауди“ со косовски регистарски ознаки.

-Од незгодата со повреди се здобиле пет лица кои со возила на Итна медицинска помош се пренесени во здравствени установи за укажување помош – информираат од МВР. 


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано