Според туристички експерти и инфлуенсери од целиот свет, пет хрватски плажи се најдоа на листата за 50 најубави плажи во Европа за 2026 година.
„Ранг-листата е објавена од страна на организацијата „50 најдобри плажи во светот“ (World’s 50 Best Beaches), составена повеќе од илјада туристички експерти и амбасадори за патувања од различни земји, напиша, напиша КликсБа.
Плажите биле оценувани според повеќе критериуми, меѓу кои зачуваноста на природата, убавината на пејзажот, квалитетот на морето, уникатноста на локацијата и целокупното искуство што им го нудат на туристите. На листата се најдоа некои од најпознатите хрватски приморски дестинации кои со години ги привлекуваат странските туристи. На прво место се најде хрватската плажа Подраче во Брела, која е меѓу 20-те најубави европски плажи. Експертите посебно го истакнале нејзиното тиркизно море, импресивните карпи и природната сенка што ја обезбедуваат боровите шуми долж брегот.
На листата е и Пашјача во Конавле-една од најпознатите скриени плажи на Јадранот. Сместена под високи карпи, во последните години таа станала една од најбараните дестинации за љубителите на недопрена природа. Меѓу избраните се наоѓа и Златни Рат на Брач-една од најпрепознатливите хрватски плажи. Нејзиниот карактеристичен облик, кој се менува под влијание на ветерот и морските струи, со години ја вбројува меѓу најфотографираните локации на Медитеранот.
На листата е вклучена и Пунта Рата во Брела, која повеќепати е прогласувана за една од најубавите плажи во светот, благодарение на исклучително чистото море и препознатливата карпа што доминира во крајбрежниот пејзаж. Последна на оваа листа е Сакарун на Дуги Оток. Оваа плажа е позната по белиот песок и плиткото, тиркизно море, поради што често се споредува со егзотични тропски дестинации.
извор МИА








