Пакомак доби признание од СОС Детско село за долгогодишната поддршка и соработка

На свеченоста со која се одбележаа 25 години постоење на СОС Детското село, Пакомак доби специјално признание во знак на благодарност за досегашната поддршка и долгогодишната меѓусебна соработка, која трае повеќе од една деценија. Ваквото признание само ја потврдува улогата на Пакомак како посветен партнер на работата на СОС Детско село и на позитивните вредности кои произлегуваат од неа.

Признанието му беше врачено на извршниот директор на Пакомак, Филип Ивановски.

Како општествено одговорна компанија која зема активно учество во нашата заедница преку конкретни проекти и активности за заштита на животната средина, Пакомак стои зад вредностите на СОС Детското село и ја поддржува нивната работа преку едукација и бројни соработки за подигање на еколошката свест, на тој начин поставувајќи позитивен пример за младите.

Повеќе од 10 години Пакомак ја дава својата поддршка за работата на СОС Детско село и несебично придонесува кон создавање на подобри услови за децата кои живеат таму.

Во изминатите 25 години СОС Детско село променија повеќе од 6.090 животи, помогнаа на преку 1.390 семејства во ризик и обезбедија топол дом, љубов и грижа за повеќе од 710 деца и млади без родители и старателска грижа, притоа секојдневно поддржувајќи 87 згрижувачки семејства.

„Зад секоја од тие бројки има нечие име, нечие детство, нечија борба и нечија шанса животот да тргне во поинаква насока“, изјави националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо.

Од компанијата упатија честитки за 25 години успешна и посветена работа, грижа и поддршка за децата, и ја нагласија пораката дека ниедно дете не заслужува да расте само. Свечениот настан се одржа под покровителство на Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, а беше посветена на мисијата, резултатите и значењето на СОС Детско село во изминатите 25 години.

Повеќе од истиот автор

Најчитано