Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка за санација на покриви и лифтови во станбени згради.
Целта е подобрување на условите за домување и зголемување на безбедноста на граѓаните, велат од општината.
Право на пријавување имаат заедници на сопственици од постари згради со потребната документација и одлука од мнозинството сопственици.
Повеќе информации, условите и потребната документација се достапни на веб-страницата на Општина Центар








