Општина Центар обезбеди 4 милиони денари за новороденчиња

4 милиони денари за новороденчиња

Во Буџетот на Општина Центар за годинава се издвоени околу четири милиони денари како финансиска поддршка за новороденчиња од кои досега исплатени се 696.681 денар.

– Семејството е темел на нашето општество и затоа континуирано вложуваме во мерки што директно го олеснуваат секојдневието на секој  родител. Ги повикувам сите што имаат принова, да се пријават и да ја искористат поддршката за новороденче, истакнува градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Од прес-службата на Општината информираат дека финансиската поддршка за новороденче е зголемена од 7.000 на 10.000 денари.

По повод Меѓународниот ден на семејството, градоначалникот Герасимовски информира во план е и изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар со цел да се одговори на потребите на семејствата во тој дел од општината.

– Општина Центар продолжува и со поддршка на повозрасните сограѓани, преку зголемување на еднократната помош за пензионерите на 5.000 денари, како и со низа мерки и активности насочени кон унапредување на нивната социјална сигурност и квалитет на живот, информираат од Општината. бак/дма/

Фото: Општина Центар

Повеќе од истиот автор

Најчитано