Нето платата во април 48.779 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април годинава изнесуваше 48.779 денари, а во однос на април минатата година е повисока за 7.3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 27 проценти, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9.4 проценти и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 9.2  проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 20.1  проценти, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 2.1  проценти и Административни и помошни услужни дејности за 2 проценти.

Повеќе од истиот автор

Најчитано