„Не пропуштај ниту еден ритам“ – едукативен панел по повод Светскиот ден на срцето

По повод Светскиот ден на срцето, денеска во Europe House Скопје ќе се одржи едукативен панел под мотото „Не пропуштај ниту еден ритам“ (Don’t Miss a Beat).

Настанот го организира Здружението за кардиологија, во партнерство со Министерството за здравство и Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје.

Целта на панел-дискусијата, како што велат од Здружението за кардиологија, е да се испрати силна јавна порака за сериозноста на кардиоваскуларните болести и потребата од нивна рана превенција, навремено препознавање на симптомите и подобра контрола на ризик-факторите.

На панелот ќе се обратат претставници на Здружението за кардиологија, Министерството за здравство и Светската здравствена организација, кои ќе зборуваат за значењето на превенцијата, раната дијагностика и институционалната и личната одговорност во заштитата на срцевото здравје.

Кардиоваскуларните заболувања и понатаму претставуваат еден од најголемите здравствени предизвици во земјата. Преку оваа иницијатива, организаторите ќе ја нагласат важноста на редовните превентивни прегледи, здравите животни навики и навремената медицинска грижа како клучни предуслови за спасување животи.


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано