Британскиот премиер Кир Стармер и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска на маргините на Самитот на Г7 соопштија дена ЕУ и Велика Британија ќе ја одржат втората средба на 22 јули во Брисел.
Тоа ќе биде втор самит по повлекувањето на Велика Британија од членството во ЕУ – Брегзит. Првиот самит се одржа во Лондон во мај 2025 година, а целта на овогодишниот самит е да се оживее зближувањето меѓу двете страни.
– Тесната соработка помеѓу ЕУ и Велика Британија е неопходна за нашата заедничка европска безбедност, отпорност и просперитет, објави Кошта на платформата Икс по разговорот со Стармер.
Додека Стармер наведе дека неговата „лабуристичка влада го исполнува своето ветување за ресетирање на нашите односи и ставање на Британија во срцето на Европа“.








