Македонија во септември се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор: Нови извори на гас и поголема енергетска сигурност

Македонија се подготвува во септември официјално да се приклучи кон вертикалниот гасен коридор.

Приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор е значајна стратешка можност Македонија да стане важна алка во европската енергетска мрежа.

Преку интерконекторите со Грција и Србија ќе обезбедиме пристап до нови извори и правци на снабдување со природен гас и течен природен гас LNG, поголема енергетска сигурност и намалување на зависноста од еден извор, напиша на фејсбук министерката за енергетика Сања Божиновска.

Интерконекциите се планирани и за транспорт на 100% водород, со што Македонија се подготвува и за идната европска водородна инфраструктура.

– Повеќе извори, поголема сигурност и посилна регионална поврзаност, стои во објавата.

Повеќе од истиот автор

Најчитано