Македонија се приближува до ЕУ по обновливи извори, но енергетската продуктивност останува далеку зад европскиот просек

Македонија бележи значителен напредок во развојот на обновливите извори на енергија, покажува анализата на Државниот завод за статистика. Во 2024 година, обновливите извори учествувале со 22 проценти во бруто-финалната потрошувачка на енергија, што е блиску до просекот на Европската Унија од 25 проценти.

Во исто време, инсталираниот соларен капацитет достигнал околу 869 MW во 2024 година, а на крајот од 2025 година се проценува на околу 1 GW.

Сепак, анализата укажува дека енергетската продуктивност на македонската економија останува значително под европскиот просек. Во Македонија се создаваат 3,78 евра економски резултат по килограм еквивалент на нафта, додека просекот во Европската Унија изнесува околу 10 евра, што покажува дека има голем простор за поефикасно користење на енергијата и за дополнителни инвестиции во енергетската транзиција.


Прочитајте ја целата анализа на ЛИНКОТ

Повеќе од истиот автор

Најчитано