Бројот на умрените лица во 2025 година е 20.287 лица, што претставува зголемување од 0,4 % во однос на 2024 година. Поголем број умрени лица, т.е. 10.498, се од машки пол наспроти 9.789 жени. Умрени доенчиња се 62, а нивното учество е 0,3 % на 100 умрени лица – покажуваат податоците за морталитетот на Државниот завод за статистика.
Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2.002, се регистрирани во јануари, а најмалку – 1.506, во април.
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72,2 години, односно 76,6 години кај лицата од женски пол, или за 4,4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Луѓето во земјата најмногу умираат од болести на циркулаторниот систем (34,0 %), неоплазмите (19,6 %), ендокрините, нутритивните и метаболистичките болести (6,5 %) и болести на респираторниот систем (3,7 %)
Фото Економија и бизнис








