МАЃАР ГО ОГРАНИЧУВА ПРИЛИВОТ НА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ, причини за да се вработат повеќе Унгарци и да се спречи компаниите да ги намалуваат платите со вработување странци

Новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, го ограничи протокот на работници мигранти од земји кои не се членки на Европската Унија со владина уредба објавена во саботата, исполнувајќи го ветувањето дадено на гласачите во изборната кампања.

Околу 90.000 луѓе од земји кои не се членки на ЕУ работат во Унгарија, што претставува околу два проценти од работната сила.

Повеќето од нив се вработени во индустријата за батерии и автомобилската индустрија, во градежништвото, сезонските работи во земјоделството и во услугите за достава. Повеќето од нив се од Филипините, Украина, Кина, Виетнам и Индија.

Маѓар ја оправда мерката велејќи дека треба да се вработат повеќе Унгарци и да се спречи компаниите да ги намалуваат платите со вработување странци.

Според податоците на индустриските и работодавачките здруженија, во Унгарија има очигледен недостиг на работна сила во бројни сектори. Новата уредба предвидува дека постојните дозволи за престој остануваат важечки до истекот на рокот, а не е прецизирано дали можат да се продолжат, пренесува Н1.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано